Проповедниците од Апалачиа, САД, што ракуваат со змии ги користат змиите за да им покажат на неверниците дека Бог ги штити од зло и затоа ги држат во рацете додека се молат, пеат и танцуваат.

Верувањето произлегува од буквално читање на Исусовите зборови во Евангелието според Марко: „И овие знаци ќе ги придружуваат оние кои веруваат: во мое име ќе изгорат демони; тие ќе зборуваат на нови јазици; тие ќе земаат змии, и ако пијат било каква смртоносна работа, нема да ги повреди; тие ќе ги положат рацете на болните, и тие ќе закрепнат.“

Таткото на пасторот Коди, Џејми Коутс држел во рацете ѕвечарка во истата црква за време на една од неговите проповеди во 2014 година, кога го каснала за раката и тој починал. Сега за малку истата судбина ќе му се случела и на неговиот син, Коди.

Коди Коутс е свештеник во Исусовата црква во Мидлсборо, Кентаки, една од ретките преостанати цркви каде што свештениците ракуваат со змии. За време на неговата проповед, пасторот држел змија во раката. Во еден момент змијата го каснала за увото.

Незагрижен, пасторот продолжил со својот говор велејќи им на верниците дека не езагрижен и дека Бог е исцелител. Но, откако крвта не престанала да тече и Коди почнал да се гуши неколку членови го однеле во болница.

Лекарите во болницата му кажале дека змијата за малку ја промашила главната артерија која ќе го оставела мртов на место и доколку дошле малку подоцна, најверојатно Коди не би преживеал.

Сопругата на Коди, 25-годишната Тами вели: „Црквата е во нивната крв. Сѐ започнало со нивното семејство и ќе заврши со нивното семејство. Јас и Коди не разговаравме за религија пред да се венчаме и откако се венчавме и јас дознав, само си реков на себе ‘Господе во што се вовлеков’.“

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено