Човек обвинет за грабеж бил оставен да виси на дрво од страна на луѓе од соседството каде што се случил престапот. Очевидец вели дека човекот, за кого само се знае дека се вика Виргилио и дека има 30 години, бил фатен како разбива во куќа во селото Санта Мариа Асунсион во близина на градот Тулансинго во источната мексиканска држава Хидалго. Се раскажува дека соседите го фатиле човекот, го натепале и го закачиле да виси на дрво, врзан за рацете.
Потоа, откако им било јавено за грабеж, полицајците пристигнале на местото и наместо да го гонат, морале да го спасуваат крадецот. Го нашле како се ниша на дрвото опкружен од околу осумдесет локални жители. Полицијата дури морала да се справува со гневните луѓе од соседството кои не сакале полицијата да се меша во случајот и да интервенира. Двајца полицајци претрпеле помали повреди, а една полициска кола била оштетена во текот на немирите. За да се справат со толпата, полицијата морала да повика засилување. Виргилио бил уапсен и однесен во локалната болница. Потоа бил испрашан и му претстои судење за обид за грабеж.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!