Сите сакаме и во зимските денови на имаме тек како вчера да сме биле на Карибите, но секако освен како природно не сте личност со црн тен ова е можно само со помош на солариум или „поедноставната“ варијанта со креми за добивање на лажен тен.
18-годишната шминкерка Елена Брис го избрала вториот начин откако верувала дека е премногу бледа и дека сака да добие убав тен.
Таа никогаш претходно не го правела тоа и се консултирала со нејзината пријателка кој производ и каква нијанса да употреби. На крајот се одлучила за најтемната нијанса. Кога се вратила дома, Елена ги следела упатствата и целосно се прекрила со средството за тен, оставајќи го на препорачаното време пред да го измие.
Елена очекувала „златен тен“, но кога го видела резултатот се исплашила. Таа вели: „Кога се вратив дома го ставив насекаде, но се шокирав кога го измив првичниот слој. Изгледаше одвратно, сѐ беше во моте пори, на корната усна имав кафеави влакна, буквално бев движечко дорито.“
Мислејќи дека може да се ослободи од тенот тинејџерката од Лондон се обидела да го ексфолира преостанатиот тен. Сепак ова донело повеќе зло отколку добро и целата останала „шарена“. Освен тоа што си го носела овој тен скоро еден месец и морала да им објаснува на луѓето зошто изгледа така, бидејќи и шминката не го покривала, исто така што и да допрела го боела со својот лажен тен.
Девојката вели дека никогаш повторно нема да се обиде да направи вакво нешто и дека ќе си го задржи бледиот тен на типична Англичанка.