Научници со чудење откриле дека некои шимпанза си изработуваат специјални помагала со кои извлегуваат алкохол од дрвјата. Овие примати кои ја сакаат чашката се забележани во Западна Африка, поточно крај градот Босу во Гвинеја. Мајмуните организирале вистински пијанки, при што изумиле начин како да цицаат ферментиран сок од палмата рафија, која има исклучително долги лисја. Шимпанзата конструирале специјални алатки со својство на сунѓер, за да ја извлечат алкохолизираната напивка.
Напивањето многу личело како кај луѓето. Под дејство на алкохол, мајмуните правеле разни глупости. Потресното откритие било направено од д-р Кимберли Хокинс од универзитетот Оксфорд. Нејзината екипа набљудувала како млади, но и возрасни шимпанза се одавале на намерно пијанчење. Луѓето и шимпанзата имале заеднички предок. Поради таа причина и двата вида можат да го метаболизираат алкохолот. За да се доберат до ферментираниот палмов сок, шимпанзата употребувале порест лист кој го впивал нивниот омилен пијалок како сунѓер.