Клучната состојка на харизмата се едноставните постапки кои со вежбање и повторување полека стануваат дел од нашиот карактер. А ако се стекнете со харизматичност, тоа ви е пропусница во светот на успешните луѓе. Еве од што се состои таа.
Активно слушање
Во текот на разговорите бидете активен слушател. Долгите монолози го задушуваат разговорот и го губите вниманието на вашиот соговорник.
Бидете позитивни
Луѓето полесно приоѓаат на некој за кој чувствуваат дека е позитивна личност отколку на некој намќор или некој постојано загрижен. Луѓето едноставно ја забележуваат искрената насмевка и сакаат да бидат во друштво на такви луѓе.
Стојте исправени
Добриот став, исправеното држење и високо кренатата глава остава впечаток на смиреност и самодоверба.
Одмерете ја секоја критика
Ако сте во ситуација некого да мора да критикувате, добро размислете за зборовите кои ќе ги употребите и држете се до најважното. Луѓето комуницираат не само со зборови, туку и со гестови, ставови и изразите на лицето.
Помнете имиња
При запознавањето добро е во себе или на глас да си го повторите името на личноста која ви се претставила. Сите сакаат да го слушнат своето име, особено во врска со нешто позитивно. Луѓето го помнат тоа.
Контакт со очи
При разговор контактот со очи е многу важен, но немојте да претерувате, бидејќи зјапањето во нечии очи може да предизвика контраефект и едноставно да ја одбиете или дури и исплашите личноста спроти вас.