Еден шегаџија огласил нова банкнота од пет фунти на Ибеј, наводно како „ретка наопаку испечатена банкнота“ и предизвикал вистинска војна во наддавање кое досега достигна до 65 551 фунта. Поранешниот офицер во воената морнарица, 54-годишниот Мајк Харис вели дека ги гледал учесниците како плаќаат смешни суми за да се здобијат со новите банкноти, а колекционерите се тепале за да се доберат до ретките бар кодови.
Решил да ја тестира нивната подготвеност да платат во готово и сликал банкнота од 5 фунти која ја превртел наопаку и ја огласил. Огласот го мислел како шега, но се запрепастил кога почнале да се редат наддавања и за три дена сумата достигнала 7945 фунти. И покрај тоа што навел дека автентичноста на нотата е „верификувана од Одделението за превртени англиски банкноти“ (Department of Upside-down Printed English Denominations’ – DUPED, т.е. прелажани), колекционерите продолжувале да нудат повисоки суми.
Мајк вели: „Ова го мислев како шега, но некои луѓе го сфатија доста сериозно. Некои ме нарекуваат легенда и ја гледаат смешната страна, но други се доста вознемирани. Некои од наддавањата не се сериозни, се гледа дека се нови профили кои веројатно се лажни. Но наддавањето од 7945 фунти беше доста реално, на пример, од веродостоен профил, од некој кој очигледно бил подготвен да плати.
Ова беше распространето на социјалните медиуми и почна да крева голема врева, па така се јавив таму и кажав дека сѐ што ќе биде заработено преку овој оглас ќе го донирам во добротворни цели, а исто така и оригиналната банкнота од 5 фунти.
Се разбира, не одев до крај и не ги прифатив парите, бидејќи имам морал. Но, можеби сепак некој ќе се реши да донира во добротворни цели. Идејата ја добив затоа што гледав како луѓето плаќаат за глупави нешта како тие банкноти, сериски броеви итн.“
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.