Љубовта може да боли, а понекогаш знае да биде и пеколна. Ова најдобро го опишува маж по име Крег Холден, кој продавал веренички прстен кој го купил на неговата девојка со која бил во врска 10 години. Човекот од Велс ја запросил неговата девојка по три години врска, а биле верени цели седум години.
28-годишниот Крег го објавил прстенот за продажба на Gumtree со многу „интересен“ опис и доби голема популарност на интернет. Тој прстенот го купил 1.000 долари, а на сајтот го ставил на продажба за 200 долари. Тој нагласил дека не го прави ова за да профитира, туку само да ја „оцрни“ неговата поранешна вереница. Еве што напишал Крег во описот за продажба на „прстенот носен од ѓаволот лично“:
„Како едноставен, тивок, посветен и дарежлив господин почнав да и се додворувам на млада дама (која подоцна се претвори во ѓавол, преку вештерство или вуду-кој знае?) која што за жал ја запросив, откако бевме во врска три години, сè беше добро, бевме млади сè беше добро, тогаш почна бесот, вриеше, нејзините очи светеа и главата и се вртеше за 360 степени на дневна база и плукаше отровни навреди кон моето повредено срце.
Патев од аксиозност, мислев дека јас сум проблемот, ох не. Вистинскиот проблем беше опседнувањето од ѓаволот, ѓавол кој копаше во длабочините, на бунарот…бунарите. Да забрзаме во наредните 10 години, еден ден Сатаната се разбуди од нејзиниот сон и рече: ‘Слушај ме смртнику…ЈАС САТАНАТА(не можам да го користам нејзиното име од правни причини) не те сакам тебе.’И во моментот кога сакав да кажам еден куп вистини кон злобниот ѕвер, Исус се појави пред мене и рече: ‘слушај ме дете, мораш да заминеш, мораш да одиш напред и да станеш едно со самиот себе. Да бидеш среќен. Јас умрев за твоите гревови, затоа оди греши брат!!’ Така јас си ги собрав работите и заминав.
Крај- и сега сум среќен
Само сериозни понуди, големината на прстенот е -дебела и е 1/4 карати злато и се продава поради самиот прстен, а не поради златото.
Иако е носен од Сатаната лично, не поседува магични моќи или црна магија. Не можам да гарантирам дека е безбеден за носење за верниците.“
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.