Испратиле млада новинарка на натпревар во риболов. Направила таа неколку заеднички фотографии и отишла да ги интервјуира победниците. Почнала од бронзениот медал.
– Имавте среќа денес?
– Не е само среќа. Јас сум ОРЛ хирург (уво, нос и грло). Еднаш имав страшно многу работа и не ми остана време да купам мамци. Ги собрав остатоците од операционата сала… и го имав најубавиот риболов! Од тогаш ловам само на крајници.
Новинарката, малку под стрес, продолжила со сребрениот медал:
– А Вие?
– И јас како колегата сум хирург, специјалист за абдоминална хирургија. Нема сом или штука што може да му одолее на слепото црево!
Девојката веќе сосема збунета, оди кај победникот на натпреварот:
– И Вие ли сте хирург!?
– Не госпоѓице, јас сум локалниот оџа…