На многу рана возраст, Шакира научила што значи да се живее во Колумбија. Таа ги видела луѓето кои живеат во сиромаштија и очај, деца кои не можеле да одат на училиште, туку наместо тоа скитале по улиците боси, паѓајќи во рацете на зависностите.
Шакира си ветила дека еден ден кога ќе биде успешна таа ќе ги трансформира животите на тие деца.
И покрај тоа што финансира и донира за благосостојбата на општеството поголем дел од нејзиниот живот, таа во 1997 година, прв ја промовирала фондацијата Pies Descalzos (Фондација Боси). Единствената цел на Фондацијата е да им помогне на сиромашните деца.
Образованието не е само клуч за подобрување на животите на непривилегираните деца, туку и на општеството како целина. Фондацијатаво основа им помага на децата кои секојдневно се соочуваат со некој вид на хаос во нивните животи во вид на сиромаштија или насилство во која било форма. Во моментов, фондацијата поддржува 6 училишта водени од фондацијата во различни региони на Колумбија.
Повеќе од 6.000 деца добиваат соодветно образование, хранливи оброци и услуги за психолошка поддршка од училиштата. Ваквата работа во крајна линија им користи околу 30.000 деца, нивните родители и нивната заедница. Тие исто така обезбедуваат слични услуги во регионите на Хаити и Јужна Африка.
Шакира вели: „Ги изградивме училиштата каде што владата беше отсутна, а децата немаа пристап до квалитетно образование. Резултатите беа видливи, беа создадени работни места, неухранетоста се намали, а учениците многу добро реагираа.“
Организацијата е поддржана од придонесите на познатата пејачка и некои национални и меѓународни компании кои се грижат за општествената одговорност. Фондацијата е партнер со УНИЦЕФ и нивната кампања за образование.