За време на неговите студии уметникот Џон Бисби од една напуштена куќа собирал стари нешта за да ги вклучи во серија скулптури од најдени предмети, кога превртел кофа со стари, `рѓосани шајки. На негов восхит, клинците се измешале заедно во куп метал во форма на кофа. Бисби доживеал откровение, и оттогаш речиси 30 години употребува шајки како единствен материјал за неговите геометриски скулптури, органски инсталации и гломазни објекти од илјадници шајки кои ги заковал, свил, заварил или приклештил заедно во наизглед непрекинати форми. Неговата уметничка мантра е „Секогаш шајки, секогаш различно“.

bisbee-1

bisbee-2

bisbee-3-3

bisbee-4

bisbee-5

bisbee-7

bisbee-8

bisbee-9

bisbee-10

bisbee-last

Сподели на Facebook
пати видено