Вилма Вонг од Калифорнија се изненадила кога за време на рутинска проверка се сретнала со новиот вработен во детската болница Лусиле Пакард Стенфорд. Неговото име и презиме, Брендон Семинаторе, го слушнала од пред многу одамна, поточно пред 28 години.
Тогаш таа го прашала Брендон дали неговиот татко е полицаец и неколку други податоци за неговото семејство, апотоа тој само ја прашал: „Дали Вие сте Вилма?“. Иако ѝ двајцата се запознале пред многу години, Брендон немал можност досега вистински да се запознаа и да разговара со жената која помогнала да се спаси неговиот живот.
Брендон бил бебе кое се родило во 29-тата недела од бременоста на неговата мајка. Шансите за неговото преживување биле многу мали, но сестрата Вилма Вонг не се откажувала од него и неколку месеци лично се грижела за Брендон. Родителите му раскажале на Брендон за сестрата Вилма, која многу го засакала, но тој не се надевал дека еден ден на ваков начин ќе се запознае со неа.
Вилма работи во болницата 32 години и сите вработени за неа велат дека е многу посветена и си ја сака работата. Брендон потенцира дека тоа го докажува фактот што се сеќава на бебе кое го негувала пред скоро три децении.