Татарстанската полиција објави видео снимка која би требало да ѝ помогне најпосле по пет години да заврши потрагата по еден сериски убиец, човек кој до денес усмртил 32 пензионерки, главно на возраст меѓу 80 и 90 години. Дали видеото е снимено на некое место кадешто тој извршил ново злосторство полицијата не наведува, но на граѓаните им ветува награда од 43500 евра доколку помогнат во апсењето на злосторникот.

su01

Тој својот крвав поход го започнал во 2011 година, убивал во повеќе руски градови, а оперирал главно по истата метода. Пензионерките ќе ги уверел дека е пратен за да ги провери инсталациите во нивниот дом, а кога ќе го пуштеле, ги ограбувал и убивал.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено