За време на неговите патувања Енди Ли снимил многу фотографии на прекрасни и зафрлени патишта од целиот свет. Сега овој креативен режисер, сликар и фотограф ги собрал овие фотографии во неверојатна серија наречена „Патишта“, којашто ќе ве исполни со восхит и жед за скитање.
Фото галеријата ја отвара со совршено пригодниот цитат од Џек Керуак „Немаше каде да се оди освен насекаде“. Патиштата коишто ги сликал во текот на годините се морничаво пусти и мирни.