Необичната риба, која живее на длабочина на која сончевата светлина воопшто не допира, за првпат била забележана во северната хемисфера на Земјата и снимена е во својата природна средина. Оваа роднина на ајкулите има слепи очи и перки кои потсетуваат на крилја, а уште една интересна околност е тоа што половиот орган ѝ се наоѓа на главата.

Иако овој вид ајкули во океанските длабочини живее повеќе од 300 милиони години, за научниците тие се сѐ уште ново и возбудливо откритие, со оглед на тоа што не е лесно да се набљудуваат во нивната природна средина.

h01

Оваа снимка го следи движењето на остроносестата сина химера која за првпат била забележана на северната хемисфера, а и покрај тоа што научниците немаат жив примерок во рацете, видеото им овозможува голем број нови интересни информации за нивниот начин на живот.

За разлика од останатите ајкули, химерите немаат повеќе редови остри заби, туку со минерализираните забни плочки го преживаат пленот, кој главно го сочинуваат црвите и мекотелите кои живеат на дното на морето. На главата и муцката имаат отворени канали во кои се наоѓаат сетилни клетки кои го регистрираат движењето во мрачните води и со помош на кои си го ловат оброкот.

Сепак, можеби најинтересниот детаљ е тоа што половиот орган на мажјаците се наоѓа на – нивното чело!

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено