Најчесто кога ќе свртите погрешен број следи „извини“ и „нема проблем“ и тука завршуваат работите. Но, не и за ова семејство. Новите родители Линдзи и Марк Лешли не можеле да бидат посреќни кога нивното бебе Кејсон Нокс дошло на свет.
Сепак тие не знаеле дека пред да се породи Линдзи мајката на Марк цело време испаќала пораки во врска со бебето на сосема непозната личност.
Тереза мислела дека испаќа порака во групен разговор на семејството, но таму бил и бројот на Денис Вилијамс. Тој бил среќен што работите се одвивале добро, но не знаел кои се всушност тие луѓе. Сепак Денис решил заедно со својот брат Деорик да го посетат семејството во болница и да донесат подарок за новиот член на семејството.
Браќата велат дека одлично си поминале со семејството, а Тереза е бескрајно благодарн ана нивната љубезност. Всушност бројот на Денис претходно бил на братучедка на Марк и сега му бил доделен нему.
Тереза јавно им се заблагодарила на момците во Фејсбук објава и раскажала за комичната, но и симпатична ситуација која споила две семејства.