Ако би можеле да поканите било кој на вечера во вашиот дом кој би бил тоа? Па, за една жена од Стокпорт во Голем Манчестер, тоа е семејство на јазовци кои седат и уживаат во попладневниот чај и низа други третмани во нејзината сопствена градина.
Всушност, Кристин Иан се навикна да го гледа крзненото семејство што одлучи да го претвори просторот во засолниште за ноќните животни.
53-годишната жена домот го дели со својот сопруг, но тие веднаш штом се преселиле пред 14 години откриле дупка кај оградата што се покажало дека е тунел направен од јазовците. Таа им оставала храна на животните, а тие секој ден се опуштале околу неа се повеќе и повеќе. Всушност, таа е врзана со нив толку многу во последните 14 години, што дури почнале и да ѝ јадат од рака.
Семејството се состои од 4 јазовци, од кои возрасните Господин и Госпоѓа Лампи, нивниот 3-годишен син Хембаг и нивната 9-месечна ќерка Бела. Господин Лампи бил првиот кој почнал да ја посетува Кристин за храна и таа првин не била сигурна дека секогаш станува збор за истото животно, но откако почнала да користи камера од телефонот за да ги евидентира моментите ѝ станало јасно.
Но, суштествата не можат да јадат било што затоа Кристин се консултирала со експерти. Таа вели дека нивната исхрана главно се состои од ореви, грозје, суво грозје и сурови јајца. Често добиваат и нешто плус.