Да ви лудуваат лосови во вашиот двор е невообичаена глетка, но Кендис Хелм од Игл Ривер, Алјаска, неодамна го имала токму тоа задоволство. Во недела температурите достигнале до жешки (за Алјаска) 21°C, кога Хелм забележала вознемирена мајка лос со две младенчиња. Нејзиното решение било едноставно генијално.
„Тие кружеа околу куќата и изгледаа како да им е навистина жешко, па така ние ги вклучивме прскалките и тие беа среќни“, раскажува таа.
Двете младенчиња си играле на прскалката додека мајката ги набљудувала, за подоцна и таа да им се придружи. Погледнете го овој убав пример за човечка добрина.