Секоја семејна фотографија буди одредени чувства кај луѓето. Сепак оваа семејна фотографија е посебна, поради добродушноста и хуманоста на луѓето кои се на неа.
Семејството Патерсон одлучило да си го посвети животот во помагање на луѓето и децата кои се една од најранливите групи во Велика Британија.
Пам и Џералд веќе имале две билошки деца, Ема, која тогаш имала 6 години и Крис кој тогаш имал 2 години, кога во 1985 година решиле да го посвојат Џејмс, кој тогаш имал само 7 месеци.
Пензионираната медицинска сестра Пам Патерсон и нејзиниот сопруг, пензиониран полицаец, Џерал ги посвоиле 32-годишниот Џејмс, Алис која има 28 години, 26-годишната Моли и малата Рајли, која има 10 години. Оваа големо семејство живее во Бирмингем. Она што ги прави „поинакви“ од другите семејства е тоа што сите нивни деца имаат хромозомски нарушувања, односно Даунов синдром.
Но, семејството треба да ги поддржува добрите намери на членовите. Затоа братот на Пем, Ричард Бул и неговата сопруга Леиг одлучиле да го посвојат 35-годишниот Дејвид и 28-годишниот Тимоти, а исто така под нивно старателство е и 4-годишната Мари.
За хуманоста да продолжи понатаму, ќерката на Ричард, Џени, ја посвоила 6-годишната Изабел и скоро ги посвоила 3-годишните близнаци Џорџ и Томас. Исто така најмладиот син на Ричард, 23-годишниот Метју, е наведен како делумен старател за двете близначиња.
Семејството вели дека посвојувањето ги збогатило нивните животи. Но, признаваат, не е секогаш лесно. Додека пријателите на Пам и Џералд играат голф и одат на луксузни одмори додека се во пензија, двојката сè уште треба да организира дадилка кога сакаат да излезат надвор.
Уште посурово е тоа што семејството секојдневно мора да се соочува со навредливи коментари од минувачите, од лекарите, па дури и од нивните роднини, од кои еден прашал зошто ги уништувале своите животи и животите на нивните биолошки деца.
Нивниот одговор бил едноставен. Тие сакале да се грижат за деца кои инаку би останале заглавени во системот на здравствена заштита. Една од најчестите генетски абнормалности, Даунов синдром, е предизвикана од присуството на екстра хромозом, најчесто случајна појава во времето на зачнувањето. Со помош на модерната медицина, тие можат да живеат до 50-60 години, што често значи дека им треба доживотна нега.
Сепак семејството не може да ја сфати вревата која ја прават луѓето за оваа состојба, ниту пак големите пофалби, затоа што посвојуваат вакви деца. Тие биле целосно свесни за задачата пред нив. Пам и Џералд поминале многу во волонтирање во 1970-тите во клубот Gateway во Бирмингем, кој се грижи за деца со посебни потреби.
Тие ги посвоиле сите деца уште кога биле мали и велат дека доколку би биле помлади би посвоиле уште. Семејството се надева дека по нивната смрт децата ќе завршат во добри раце, но тврдат дека не очекуваат нивните биолошки деца, кои немаат посвоени дете со Даунов синдром, да се грижат за нивните, затоа што тоа била само нивна одлука.