Иван Газдек играше за НК Јеленград против Јасеновац во полу-професионален натпревар во северна Хрватска. Но, непоканети навивачи почнаа да го попречуваат натпреварот. Група кокошки излегле на терен и никако не можеле да ги избркаат. 23-годишниот Иван реши да ги земе работите во свои раце и почна да ги брка кокошките.
Успеа да шутне една и да ја убие, а потоа неколку пати се обидува да ја префрли преку оградата. За ова Иван доби црвен картон за „неспортско однесување“. Момчето се правдало дека сака животни, бидејчи дома има куче и две мачки и дека тоа го направил во момент на нервоза бидејќи кокошките влегувале на теренот постојано и имало измет. Иван исто така ѝ купил нова кокошка на жената на која ѝ припаѓале.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!