Две Канаѓанки обвинети за шверцување кокаин во вредност од 23 милиони долари во Сиднеј го документирале својот раскошен одмор пред нивното апсење. 22-годишната Мелина Роберџ и 28-годишната Изабела Лагасе патувале со крузерот Морска Принцеза, кој тргнал од Британија и ги посетил Канада, САД, Колумбија, Перу и Оукленд, за во недела да пристигне во Австралија.

bk01

Двете, заедно со третообвинетиот, 63-годишниот Андре Тамин, во понеделник се исправиле пред судот во Сиднеј поради тоа што се обиделе да внесат 95 килограми кокаин во земјата. Но, еден поглед врз нивните социјални профили открива дека младите жени се абавувале како никогаш во животот пред апсењето. На сликите можат да се видат во разни активности, од пиење кокосови ореви на плажа, па се до возење квадроцикли во пустина, а самото патување на крузерот чини 15 000 долари.

bk02

„Патувањето е една работа…но патувањето со отворен ум, да си подготвен да пробаш сѐ, да видиш сѐ, да научиш сѐ и да излезеш од својата удобна зона…е веројатно најдобрата терапија и лекција на сите времиња“, пишува Роберџ на својот Инстаграм профил.

bk03

„Порано се плашев да излезам од мојот мал град, а сега ми се чини дека не сакам никогаш повеќе да го видам тој мал град бидејќи надвор од него е прекрасно и мнооогу вреди“, стои во коментарот.

bk13

Се разбира, овој коментар бил напишан пред да бидат уапсени. Според австралиските закони, шверцувањето наркотици повлекува тешки казни, вклучително и доживотна затворска казна. Второто судско рочиште е закажано за 26 октомври.

bk15

Сподели на Facebook
пати видено