Суеверни селани од Тајланд обожаваат мртво прасе-мутант родено со две глави, три уши и осум нозе. Прасето било 13-то во леглото на фарма во руралната провинција Удон Тани, североисточен Тајланд на 27-ми април.

Локалните жители веруваат дека суштеството е испратено до нив за да им донесе среќа и се надеваат дека ќе им донесе успех на лото.

Сега голем број на луѓе се собираат на фармата на сопственикот, каде што телото на прасето е ставено во тегла. Жителите биле забележани како се молат на прасето и ги избираат нивните броеви на лотарија врз основа на неговите карактеристики.

Сопственикот Канчана Супинич, 46, изјавил дека најпопуларниот број бил 13 – бидејќи прасето било 13-то родено од неговата мајка, наречена Дебела.

Бројот 38, исто така, бил популарен – бидејќи свињата има три уши и осум нозе – додека 28, исто така, се сметал за успешен поради двете глави на животното и осумте нозе.

Канчана додаде: „Свињата е среќна, никогаш не сум видел некое животно родено како ова. Има осум нозе, три уши и две глави. Тоа е машко прасе, но не дишеше кога се роди. Луѓето ги користат броевите за коцкање. Сигурен сум дека тој ќе му донесе на селото среќа.“

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено