Еден селанец продавал свињи. Дошол еден муштерија да купи свиња, одбрал една и му рекол на селанецот да ја измерат. Селанецот ја стиснал опашката на свињата со забите, ја поткренал малку и рекол:
– 74 килограми жива мера.
На купувачот не му се верувало, па ја измериле и на вага и навистина свињата тежела точно 74 килограми.
– Како успеа да ја измериш точно? – Прашал зачудено купувачот.
– Тоа ни е семејна традиција. Моето семејство со години вака ги мери свињите. Еве и мојот мал син може.
Го повикал синот, синот фатил една свиња со забите за опашката и рекол 56 килограми. Вагата повторно покажала точно 56 килограми, а купувачот повторно не верувал како е можно ова.
– За да ти докажам, – рекол селанецот – ќе ја викнеме и жената. Сине, оди викни ја мајка ти и таа да измери една свиња.
Синот отишол и се враќа по 1 минута.
– Тато, мама изгледа е зафатена, мери колку тежи поштарот.