Народот Моче живеел во северен Перу, во денешен Моче и Трухилјо, пред 1200-1900 години, ногу пред империјата на Инките. Народот Моче немал писмо, но биле многу вешти во изработувањето на керамички предмети, преку кои ги изразувале нивните идеи и начин на живот, при што опишувале дел од нивното секојдневие, сцени од лов, борби, жртви, церемонии – но и сексуални односи и тоа со експлицитни детали. Последните, т.н. секс грниња биле предмет на бројни истражувања за сексуалните вредности на претколумбиско Перу.

mc01

Овие грниња всушност се целосно функционални, со празнини во кои се чувала течност, и со цевки за сипување, често во форма на фалус. Тие прикажуваат мажи, жени и животни воуштени во најразлични видови на сексуални чинови, при што најчест е аналниот секс. Кога шпанските освојувачи христијани ги откриле, тие биле шокирани од нив и ги испокршиле.

Еве со што сипувале чај древните Перуанци.

mc02 mc03

Сподели на Facebook
пати видено