Ако вашето внимание во цртаните филмови секогаш било сосредоточено на ликовите, би требало да почнете да обрнувате внимание и на позадините. Овие вообичаено статични слики се исто така важен дел од севкупното дело. Матеуш Урбановиц е специјалист за тоа. Аниматорот Урбановиц, кој потекнува од Полска, работи во аниматорското студио Comix Wave Films во Токио, Јапонија.
Илустрациите на Урбановиц прикажуваат секојдневни сцени од земјата. Тоа се едноставни, тивки сцени кои прикажуваат улици, куќи, железнички станици и дрвја. Деликатните бои и импресионистичките нијанси им даваа особен сјај на овие илустрации.