Постојат голем број на „факти“ за кои сме слушале уште од мали нозе и веруваме во нив без да бараме дополнително објаснување. Ова се 11 митови од секојдневниот живот во кои поголем дел од луѓето безусловно верува дека се точни.
Сапунот ги убива бактериите.
Сапунот ги мие, но не ги убива бактериите. Зошто тогаш се користи сапунот? Кога ги миите рацете со сапун се ослободувате од маснотиите кои се одлична средина за бактериите.
Ако голтнете мастика, таа ќе остане во вашиот стомак 7 години.
Иако вискозната основа на гума за џвакање не е подложна на гастричен сок и не се раствора во него, таа се излачува од телото природно преку мускулни контракции на стомакот и ќе излезе од Вашиот организам за 1 до 2 дена.
Бричењето ги прави влакната подебели.
Откако ќе го исечеме надворешниот дел од влакното, она што останува е тап, не-конусен крај и поради тоа ни се чини дека влакното е подебело.
Доколку допрете жаба ќе имате брадавици.
Брадавиците се бенигни израстоци предизвикани од човечкиот папиломавирус. Можете да се заразите од јавни места или преку директен контакт со болно лице.
Косата и ноктите растат по смртта.
Откако ќе почине некое лице неговата кожа станува дехидрирана и се собира, со што се создава илузија дека расте косата и ноктите.
Кинескиот ѕид е видлив од вселената.
Иако должината на Големиот ѕид на Кина изнесува повеќе од 7.000 километри тешко е да се види од вселената, бидејќи неговата боја се спојува со природата. Можете да го видите ѕидот само под одредени светлосни и временски услови, па дури и тогаш само од ниска орбита.
Лилјаците се слепи.
Иако лилјаците користат ехолокација за да се ориентираат во просторот, тие исто така користат „ноќен вид“ под одредена светлина.
Водата спроведува електрична енергија.
Она што ја спроведува електричната енергија се минералите со позитивно и негативно наелектризирани честички, кои самите молекули на водата ги немаат. Затоа, дестилираната вода, поради недостаток на нечистотии во неа, не пренесува електрична енергија.
Антибиотиците ги убиваат вирусите.
Антибиотиците се справуваат само со бактерии, ги убиваат или ја запираат нивната репродукција.
Седењето блиску до телевизорот ќе Ви го влоши видот.
Нема докази за ова. Сепак доколку гледате премногу ТВ, а притоа и седите блиску до него, тогаш може да дојде до напрегање на очите.
Кока-колата ги раствора забите.
Митот дека заб ставен во чаша Кока-Кола ќе се раствори во текот на ноќта трае со години. Ова, наводно, се должи на присуството на три киселини – фосфорна, лимонска и јаглеродна – во пијалокот. Сепак, тие можат да се најдат и во многу други пијалоци.