Дерек Десо е Јутјуб шегаџија кој често оди во крајности, но овојпат многумина сметаат дека навистина претера. Имено, зел два питони и ги ставил врз својата девојка додека таа спиела, и потоа ја разбудил со зборовите: „Не мрдај, две огромни змии ти позлат по газот“, на што таа веднаш почна да вреска молејќи да ги тргне змиите од неа.
Но, нејзините повици за помош поминаа незабележано. Всушност, друштвото почна да се смее, а еден од нив на кутрата девојка ѝ кажа да се смири бидејќи ги вознемирува змиите. По кратко време ги тргнаа змиите од неа, но несреќната девојка остана видно шокирана. Реакциите на Јутуб се поделени. Некои сметаат дека шегата е урнебесна, но други мислат дека никој не заслужува такво нешто. Секако, има и такви кои мислат дека сѐ е наместено. Како и да е, самата помисла на две змии како ви ползат по телото ја заледува крвта, без разлика дали сцената е наместена или не.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!