Еден човек пристигнал во некое место, сретнал еден старец на улица и го прашал:
– Добар ден дедо! Никогаш не сум бил овде.Кажи ми, какви луѓе живеат во овој град?
Старецот му одговорил со прашање:
– Какви луѓе живееја во градот од кој што си замина?
– Тоа беа едни многу себични и лоши луѓе. Затоа ми е мило што си отидов од таму.
– И овде човеку, живеат само такви луѓе – одговорил старецот. ⠀
По некое време друг човек пристигнал во истото место и му го поставил истото прашање наа старецот:
– Само што пристигнав во ова место. Кажи ми какви луѓе живеат во овој град?
Стариот повторно одговорил со прашање:
– Кажи ми, сине, какви луѓе живеат во градот од кој си замина?
– Оф, па луѓето беа добри, гостољубиви и благородни души! Имав многу пријатели таму, и не беше лесно да се разделам со нив.
– Не очајувај млад човеку, овде живеат само такви луѓе – одговорил старецот. ⠀
Двете сцени случајно ги гледал некој друг жител на градот. Тој кога слушнал сосема спротивен одговор на истото прашање го прашал старецот:
– Дали во меѓувреме луѓето во градов се сменија? Зошто на првиот му рече дека овде живеат лоши луѓе, а на вториот дека живеат добри луѓе?
– Секаде има добри и лоши луѓе, – одговори старецот. – Секој го наоѓа само она што го бара…