Феноменот дежа ву (веќе видено) се случува на 60 до 80 проценти на луѓето, но зошто? Еве некои од теориите за ова, и тие можат да ви зазвучат познато на многу чуден начин…

Грешка

dv01

Вашиот мозок само што доживеал краток спој. Се случила некаква грешка и сетилната дразба која сте ја примиле случајно била доведена во врска со неповрзано сеќавање. Со други зборови, вашиот мозок си игра со вас.

Потсетување

dv02

Се присетувате на нешто друго. Некој предмет, мирис или звук активира сеќавања кое веќе сте го складирале. Тоа создава чувство дека нешто ви е познато и покрај фактот дека доживувате ново искуство.

Организирана мисла

dv03

Препознавате образец. Човечкиот ум има неверојатен капацитет да препознава и помни обрасци. Начинот на кој се дизајнира мебел, начинот на кој растат растенијата во градината, дури и познатиот начин на зборување можат да предизвикаат чувство на дежа ву.

Вашиот мозок ве предупредува

dv04

Имате епилепсија. Чувството на дежа ву се јавува точно во моментот пред да добиете напад во темпоралниот лобус на вашиот мозок.И

Премногу дразби

dv05

Вашиот мозок штотуку се преоптоварил. Кога нешто ќе видите за првпат, тоа активира определен дел во темпоралниот лобус. Кога гледате нешто познато, се активира друг дел од темпоралниот ловус. И двата дела од мозокот испраќаат информација до хипокампусот. Кога и двата испраќаат сигнали истовремено, вашиот мозок може да се преоптовари. Ова создава забуна и одеднаш чувството на познатост се поврзува со сосема нова дразба.

Погрешна категоризација

dv06

Вашиот мозок само што ставил нешто во погрешната фиока. Тоа ви е како кога во вашиот компјутер случајно ќе зачувате слика во папката за документи. Само што сте виделе нешто ново, па така тоа веднаш би требало да стане дел од вашата краткорочна меморија, но вашиот мозок направил грешка и наместо тоа го ставил во папката за долготрајна меморија.

Вознемиреност

dv07

Премногу сте вознемирени. При проучувањето на еден Британец кој постојано имал чувство на дежа ву, научниците формулирале релативно нова теорија за овој феномен. Субјектот во овој особен случај чувствувал дека сѐ му е познато, дури и телевизиските емисии (ако гледа турски сапунски серии, и не би можеле да го обвинуваме за тоа) и новите приказни. Научниците сметаат дека овие чувства можеби се последица на крајна вознемиреност.

Прекин во комуникацијата

dv08

Хемисферите на вашиот мозок имаат проблеми со меѓусебното комуницирање. Некои теоретизираат дека како што вашиот мозок спроведува информации од едната хемисфера во другата, се создава задоцнување. Чувството на дежа ву може да се јави кога едната половина од мозокот ќе прими двапати иста информација, т.е. еднаш од директната дразба и вторпат од другата половина на мозокот.

Лажно сеќавање

dv09

Имате шизофренија. Луѓето со шизофренија Луѓето со шизофренија доживуваат нешто што е познато како лажни сеќавања, чувства и податоци дека нешто сториле, и покрај тоа што тоа никогаш порано не го сториле. Ова чувство често се меша со чувството на дежа ву.

Поделено внимание

dv10

Во обидот да создадат чувство на дежа ву, научниците развиле т.н. „теорија на мобилен телефон“, позната и како теорија за поделено внимание. Се случува така што вашиот мозок потсвесно собира информации толку брзо, што вашиот свесен мозок не е свесен за тоа, бидејќи вашиот ум е на друго место. Кога подоцна со целото внимание ќе се сосредоточите на вашето непосредно опкружување, чувствувате како да гледате нешто што веќе сте го виделе – бидејќи и навистина е така.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено