Изминатите шест години група постари жени од провинцијата Шаанкси во Кина се грижат за 1300 кучиња скитници во засолниште за кучиња кое е нивно сопствено дело. Секое утро во 4 часот наутро, овие среќни песови се гостат со 400 килограми вкусна храна. Засолништето било основано во 2009г. од страна на шеесетгодишната Ванг Јанфанг. Оваа љубителка на животни целосно се потпира на донации од великодушните добронамерници. Ванг и нејзините верни колеги ја поминале дури и Нова Година со напуштените кучиња.

Една од жените признала дека кучињата не секогаш се пријателски настроени, и дека од време на време ‘ржат и касаат. Но тоа никогаш не ја згасна нејзината љубов кон нив. Токму спротивно, како што изјавила за Тенсент Њуз: „Тие како да ви се мали деца, не можете да поднесете да бидете далеку од нив, или да ги изгубите.“ Не залудно велат дека кучето е најдобар пријател на човекот.

china-1300-stray-dog-shelter-wang-yanfang-1

china-1300-stray-dog-shelter-wang-yanfang-2

china-1300-stray-dog-shelter-wang-yanfang-3

china-1300-stray-dog-shelter-wang-yanfang-4

china-1300-stray-dog-shelter-wang-yanfang-5

china-1300-stray-dog-shelter-wang-yanfang-6

china-1300-stray-dog-shelter-wang-yanfang-7

Сподели на Facebook
пати видено