Секое утро во Франкфурт можете да ја видите Џени, кобила која оди на долга прошетка секое утро и тоа сосема сама. Таа оди според истата рутина веќе цели 14 години откако нејзиниот сопственик, сега 79-годишен човек, не можел повеќе да ја јава.

Таа ужива да ги поздравува семејствата по патот и застанува да добие слатки и милување од нејзините омилени луѓе. Локалните жители се однесуваат кон неа како кон позната личност и со задоволство чистат по животното.

  

Таа има прикачено и ливче на кое што пишува: „Моето име е Џени. Јас не избегав, само шетам. Ви благодарам.“ Но, полицијата постојано добива повици за коњот од луѓето кои не се локалци и не слушнале за приказната.

Сепак полицајците добро го познаваат коњот и неговиот сопственик и немало ниту еден инцидент во изминатите 14 години. Локален ветеринар постојано ѝ прави рутински проверки и вели дека Џени е во одлична здравствена и психичка состојба, затоа што прошетките многу ѝ значат.

Сподели на Facebook
пати видено