Сакам да ви ја претставам мојата серија на фотографии којашто ја создавам уште до 2012 година. Ги фотографирам своите деца и нивните братучеди за време на одморот на село, кадешто секое лето минуваат повеќе од еден месец. Децата доаѓаат на природно и идилично место кадешто имаат можност да минат малку време без компјутер, интернет, или Плејстејшн.
Многу ми е мило што за кратко можам да се чувсвувам како во моето детство. Ги гледам и често учествувам во нивните игри, или дури им измислувам некои. Ете, среќна сум…
Би сакала моите деца да уживаат во безгрижно детство, колку шти е можно подолго. Сега тие се на 13, 9, 9 и 6 години возраст, и уживаат во летото со моите две кучиња Тосиа и Леја, и со други кучиња од соседството. Сликите ги правам со фотоапарат Canon5D Mark III, вообичаено со леќи од 50mm f 1.4, а понекогаш и со 85 mm f 1.2.
Изабела Урбаниак