Испровоцирана од критиките дека нејзиниот зaдник мора да е хируршко ремек-дело, манекенката реши да го докаже спротивното!
19-годишната Дејзи Кич има 875.000 следачи на Инстаграм, а повеќето од нив ја следат бидејќи се импресионирани од нејзината совршена фигура, и пред сè, хипнотизирани од нејзиниот заоблен задник.
Таа на социјалната мрежа Инстаграм се прослави со нејзините сексапилни фотографии кои повеќето ги дочекуваат со воодушевување, но се појавија и критичари, кои ја испровоцираа дека мора да лаже за природата на заносниот заден дел.
Така, неодамнешен преглед закажан во Беверли Хилс, кај естетскиот хирург, Ашкан Гавами, Дејзи дојде да дискутира за зголемување на градите, но испровоцирана од злобните коментари, својата ситуација ја спомна на хирургот, кој пак й предложи да ја докаже веродостојноста на својот задник, и сето тоа да го документира на видео во живо.
Дејзи го прифати предлогот од Ашкан, кој е експерт во оваа област и истата еднаш засекогаш, да докаже дали нејзиниот задник е лажен или вистински.
Во Средата, хирургот на својот Инстаграм постираше кратки видеа од прегледот.
„Во мојата ординација имам една прекрасна, природна и атлетска девојка која е благословена со извонредна генетика. Нејзиниот задник е вистински, но й предложив, кога веќе толку многу луѓе ја мразат, јас како експерт, ќе ја докажам веродостојноста на истиот!“- вели Д-р Гавами во видеото.
Во неколкуте постирани кратки видеа може да се забележи како Дејзи стои во долна облека, а Ашкан ја прегледува.
„Знам дека задникот е вистински од неколку причини: Прво нејзината возраст. Таа никогаш немала деца. Потоа, задникот е доста цврст и има одличен волумен. На кожата не се заблежуваат никакви белези од операција, ниту пак траги од игли, што би биле индикатор дека користела ботокс и слично.“- вели хирургот.
На крај прегледот го завршува докажувајќи дека задникот на Дејзи е резултат од здрава исхрана, јадење месо и вежбање, а Дејзи се здоби со сертификат за 100% вистински задник!
Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.