Првата седморка во светот која успее да го преживее раѓањето се подготвени да тргнат секој по свој пат откако матурирале во недела. Сите седум Меккоеви – Кени, Келси, Натали, Брендон, Алексис, Натан и Џоел – ги примиле своите диплови средното училиште во Карлајл, Ајова. Седморката минала низ тешки времиња, откако биле родени пред време во ноември 1997 година, тежејќи од 0.9 до 1.8 килограми, при што докторите стравувале дека нема да преживеат.
Нивната мајка, Боби Меккој била родена со пореметена хипофиза која не лачела доволно хормони за стимулирање на овулацијата. Една инекција за поттикнување на плодноста се покажала повеќе од успешна, па така таа и нејзиниот сопруг Кени добиле не едно, туку седум деца. Добиле великодушни донации за помош, вклучително и куќа од 500 метри квадратни, комбе, едногодишно снабдување со макарони на Крафт и двегодишно снабдување со пелени.
Една од понудите била бесплатно студирање во универзитетот Ханибал-ЛаГранџ во Мисури, каде што се упатиле некои од децата, осумнаесет години подоцна, додека други се запишале во војска или веднаш почнуваат со работа. Алексис, којашто страда од церебрална парализа, го завршила средното училиште меѓу 15-те најдобри. Седморката биле вистински медиумски хит во САД, предизвикувајќи и извесна доза на контроверзи, при што некои ги осудувале родителите затоа што донеле толку многу деца на свет наеднаш, за потоа да ги експлоатираат, додека други им изразиле поддршка.