Грифин Стил и неговиот татко оделе кон продавница на играчки, кога попат застанале на една бензинска пумпа во Хори Каунти во Јужна Каролина. Тука Грифин прво нашол чудна банкнота од 20 долари, а набргу потоа и кеса полна со пари. Именоо, додека се приближувале кон продавницата, Грифин на подот воочил банкнота од 20 долари, со црвена боја на неа.

pr

„Ми ја даде банкнотата која беше сомителна поради црвената боја. Ја однесов во продавница и на продавчката ѝ кажав да провери дали е автентична. Ми кажа дека “, раскажува таткото на Грифин. И сѐ би се завршило тука Грифин да не отишол до блиската канта за ѓубре и таму нашол „куп пари“.

„Никогаш не сум видел толку пари. Беа целосно покриени со црвена боја. Не можев да поверувам. Веројатно никогаш во животот нема да ми се случи да најдам толку пари“, вели Грифин.

Полицијата им кажала дека парите потекнуваат од две локални банки кои биле ограбени во временско растојание од седум дена, а откритието на парите би можело да помогне во расветлувањето на случаите.

Сподели на Facebook
пати видено