Реј Кершав и Трејси Брукс планирале да се венчаат во Тенерифе наредната година. Но на Реј во март му бил дијагностициран рак и му останале само неколку дена за живот.
На 63-годишниот Реј му бил дијагностициран рак на цревата. Благодарение на хуманитарната организација „Свадба на подарок“, се собрале донации и се одржала церемонијата во рок од 24 часа.
Тие платија за поканите, за тортата, украсите, фустанот и се останато. На церемонијата присуствувале блиските роднини, пријатели и медицинскиот персонал.
Блиска пријателка на невестата вели дека парот бил трогнат од дарежливоста на луѓето. „ Од организацијата направија неверојатна работа, сите беа будни цела ноќ за да се реализира свадбата. Трејси беше пресреќна, не можеше да поверува колку многу луѓе се организираа за толку краток период“, вели пријателката на Трејси.