Климатските промени ја стопиле ледената покрива и откриле тајна база за нуклеарни проектили која останала од времето на Студената војна и останала скриена 50 години. Базата се наоѓа на северозападен Гренланд и во неа се изведувале тестирања со билошки, нуклеарен и хемиски материјал. Базата е наречена „Проектот леден црв“. САД поставиле повеќе од 600 ракети со среден дострел и оттаму можеле сосема лесно да ги истрелаат кон тогашниот Советски Сојуз.

am

За да бидат сигурни во тајноста на проектот, инженерите ја ископале ледената покривка и создавале објекти во кои може да се чува оружје за масовно уништување. Сепак, данската влада во чија сопственост е Гренланд не знаела што точно прават Американците таму. САД ги залажувале дека градат воена база на површината, која ја нарекле „Камп на векот“. Тој објект наводно требал да ја истражи возможноста за изведување експерименти на ледена површина.

Американците лажниот камп и тајната подземна база ги изградиле до 1963 година. Создале цел еден мал град со продавници, болници, театри и цркви. Но, геолозите утврдиле дека кон тоа место се движи санта мраз која до крајот на 1965 година ќе ги сруши тунелите на Ледениот Црв. Набргу целиот комплекс бил затворен.

„Ја напуштиле базата и нејзиниот отпад. Притоа претпоставувале дека таа вечно ќе остане тајна сокриена под снегот“, напишале научниците во своето истражување. Но, не знаеле како климатските промени ќе се одразат на ова подрачје. Имено, Арктикот се топи побрзо од било кое друго место на Земјата. Базата сега е откриена и за околината би можело да има катастрофални последици. Околу стотици илјади литри дизел, отпадна вода и токсични градежни хемикалии протекуваат во ледената површина. Со оглед на брзината на затоплувањето, научниците предвидуваат дека сите овие материи ќе се излејат до 2090 година. Доколку овие хемикалии се најдат во океаните, ќе се нарушат морските еколошки системи.

„Само е прашање на време кога сѐ ќе се стопи, а последиците ќе бидат непоправливи“, заклучува научникот Вилијам Колган.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено