Се викам Мариуш Кеѕиерски. Јас сум 23-годишен уметник од Полска. Најчесто изработувам реалистични или хиперреалистични цртежи. Повеќето од нив се портрети. Во мојата уметност нема ништо посебно, освен едно нешто – се родив без раце. Но, за мене оваа попреченост не значи дека не можам да живеам свој живот исполнет со убавини.

gn01 gn02 gn03 gn04 gn05 gn06 gn07 gn08 gn09 gn10 gn11 gn12

Не значи дека треба да ги заборавам своите сништа. Уметноста е мој начин на живот уште од седумгодишна возраст. Оттогаш имам нацртано над 700 цртежи за коишто ми беа потребни 15.000 работни часови. Во меѓувреме, освоив втора награда за „Најдобар светски уметник“ во 2013 година. Учествував на изложби во Краков, Виена, Оксфорд, Вроцлав и други.

Некои од моите последни цртежи ги направив за време на моето патување низ Европа. Работев на улиците на Берлин, Амстердам, Лондон, Париз, Барселона, Марсеј, Венеција, Рим и Атина. Овој проект го нареков „Мариуш црта“. На овој начин сакам да ги инспирирам луѓето, да им покажам дека сите ограничувања се само во нашите глави.

Сподели на Facebook
пати видено