Еден човек го прославил дваесеттиот роденден на својата сестра споделувајќи ја нејзината неверојатна приказна за тоа како успеала да преживее и покрај тоа што се родила на само 25 недели. Човекот го споделува следното на социјалните медиуми:
„Со само 20 отсто шанси да преживее, своите први три месеци ги живееше во инкубатор. Беше родена на 25 недели (15 недели порано)“ пишува човекот во својата објава, додавајќи: „Среќен ти роденден, сестричке“.
На фотографиите кои ги објавил се гледа колку мала и недоразвиена била неговата сестра кога се родила. Но, животот е борба, и секогаш е добро кога добро ќе се заврши. А еве како изгледа неговата сестра денес.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.