Човек се развел од својата жена само неколку дена откако си кажале „да“. Причината за тоа било тоа што првпат ја видел без шминка. Тој ѝ удрил нога на неговата 28-годишна арапска невеста обвинувајќи ја дека го измамила употребувајќи толку многу шминка и вештачки трепки. Имено, откако влегле да попливаат малку на плашата Ал Мамзар во Дубаи, но кога водата ја измила нејзината шминка, 34-годишниот маж не можел да ја препознае жена си.

gl

Д-р Абдул Азиз Асаф е психолог кој на жената ѝ помага да го преброди разводот.

„Младоженецот веднаш се развел од невестата и одбил секаков обид да се смират“, изјавил тој.

Тие биле верени шест месеци пред да се оженат. Пред бракот, таа постојано носела вештачки трепки и се подложила на пластични операции, за кои планирала да му каже на сопругот.

Сподели на Facebook
пати видено