Црвениот телефон со кој Адолф Хитлер никогаш не се разделувал ќе биде даден на аукција. Со него фирерот ги давал своите најважни наредби. Најден е во бункерот во кој Хитлер извршил самоубиство. Телефонот е произведен од „Сименс“ и првично имал црна боја, подоцна бил обоен црвено а на задната страна му биле изгравина кукаст крст и името на сопственикот.

fr

„Александер Хисторикал Аукшанс“ го опишуваат телефонот како „мобилно средство за уништување“ и „најразорното оружје на своето време, преку кое биле издадени смртни пресуди за милиони луѓе“. Синот на британскиот офицер кој го нашол телефонот раскажува дека татко му го доживувал како симбол на пораз на лидерот.

Сподели на Facebook
пати видено