Првиот ресторан на Нутела, „Nutella Cafe“ ќе се отвори на 31 мај во Чикаго. „Nutella Cafe“ ќе биде првиот ресторан во сопственост на Фереро, производителите на овој деликатес од чоколадо и лешници.

Освен Nutella печива, појадок и десерти во ресторанот, исто така ќе има солени јадења и мени со целосни оброци. Првите 400 посетители кои ќе влезат во ресторанот на денот на отварањето ќе добијат бесплатно јадење од менито и шанса да освојат многу награди.

„Сакавме да направиме свет од Нутела за нашите обожаватели за да можат целосно да го почувствуваат брендот. Не само преку јадењата кои што ќе се сервираат, туку и како целосно искуство штом ќе влезат во ресторанот.“, вели маркетинг менаџерот на Нутела, Ноа Сзпорн задолжен за регионот на Северна Америка.

Обожавателите на Нутела се веќе возбудени за отворањето на „Nutella Cafe“ и непрекинато пишуваат за тоа на социјалните мрежи.

Сподели на Facebook
пати видено