Работам во индустријата за видео игри како директор за графички дизајн при Убисофт, кадешто јас управувам со развојот на визуелниот изглед на игрите. Потекнувајќи од Шкотска, две и пол години откако ја започнав кариерата се преселив во Канада. Оттогаш, благодарение на работата имав можност патувам низ светот а минатата година почнав да се занимавам со фотографија како начин да ги овековечам овие мигови, при што отворив профил на Инстаграм да ми служи како фото-дневник.
Токио за првпат го посетив за време на рекламната турнеја за играта Far Cry 4 и веднаш се вљубив во градот. За моето второ патување таму, го купив својот прв DSLR и ги снимив овие фотографии. Гледајќи ги, ќе забележите дека снимав различни делови на Токио, во кои туристите ретко одат.
Потоа една ноќ заврна и градот оживеа. Се изгубив во убавината на Токио таа ноќ. Толку бев фасциниран кога градот се осветли што само сликав и сликав. Бев како маѓепсан. Откако ги постирав сликите на интернет, бројот на следбениците се зголеми преку ноќ и оттогаш секогаш кога ќе посетам некој град, го сликам ноќе.
Лиам Вонг