Типично како во сценарио во хорор филм – се возите по пуст селски пат во глуво доба од ноќта кога одеднаш пред вас се испречува фигура на човек со качулка на главата. Но, за еден мотоциклист и неговата сопруга која возела веднаш зад него, ова било ужаснувачка реалност додека во 1:30 по полноќ возеле на темниот пат наречен Лејк Роуд во билизна на Кирсли, на два часа северно до Сиднеј.

Снимката прикажува како среде пат им се испречил автомобил и пред него, на сред пат, стои човек со качулка на главата. Како што автомобилот забавува, човекот се придвижува кон него и се слуша врисок од страна на човекот со качулката, и автомобилот забрзува.

За среќа, не се случила никаква трагедија и брачниот пар и пријателката извлекле жива глава. Но, што би си помислиле да ви се случи нешто вакво на вас? Во нашите краишта појавата на сериски убијци и манијаци е релативно ретка појава, но во поголемите земји тоа не е баш така.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено