Минатата недела, полскиот фотограф-аматер Бартош Војчински комбинирал неверојатни 32.000 слики за да создаде слика на месечината во супер висока резолуција. Му биле потребни само 28 минути за да ги сними поединечните фотографии од неговиот балкон на Пјекари Шлаские, но големината на севкупната датотека на сликите изнесувала огромни 73.5 гигабајти. Војчински поминал околу 5-6 часа комбинирајќи ги сликите.
Фотографирањето на месечината е стара уметност. Џон Вилијам Драпер бил првиот кој направил целосна слика на полна месечина, пред 175 години. Додека Војчински потрошил 3500 долари на неговата опрема, Драпер користел едноставна дагеротипна камера. Ова е фотографија на Драпер…
…а ова на Војчински, чисто колку да направите споредба.
Додека фотографијата на Драпер е црно-бела, Војчински употребил напредна технологија за снимање и процесирање за да ја обои фотографијата.