Еден човек се соблекол гол и скокнал во лавовскиот кафез во зоолошка во Чиле, за да изврши самоубиство на најбизарен начин. Тој преживеал, а лавовите биле застрелани. Властите во Сантјаго потврдиле дека два африкански лавови биле убиени бидејќи искасапиле дваесетгодишен маж кој упаднал во нивниот кафез во раните утрински часови во сабота. Франко Луис Ферада Роман бил однесен во блиската болница и се наоѓа во тешка состојба.

lv01

Младиот човек се соблекол гол и скокнал кај лавовите, по што тие, на ужас на другите посетители, веднаш почнале да си „играат“ со него. Во тој миг, чуварите интервенирале и ги застрелале лавовите во обид да го спасат човекот. Според директорката на зоолошката, тој платил билет како и секој посетител, по што се искачил на покривот на кафезот, откаде што скокнал внатре. Поради тоа што во моментот при рака немале средства за успивање, морале да ги убијат животните. Посетителите раскажуваат дека додека го гризеле, човекот врескал религиозни нешта.

lv03 lv04

Во облеката му нашле проштална белешка во која пишувал за Судниот ден како главна причина да му стави крај на својот живот. Од болницата каде што е згрижен велат дека во еден момент срцето за малку престанало да му работи. Имал сериозни повреди на главата и карлицата. „Се надеваме дека ќе закрепне и дека сѐ ќе биде во ред со него“, велат лекарите.

lv05

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено