Тунцер Чифтчи е самопрогласен пророк од Турција. Тој тврди дека е Махди, за кој некои муслимани веруваат дека е спасител на исламот и ќе го ослободи светот од злото пред Судниот ден. Чифтчи е познат по своето бизарно однесување, а овој пат неговата глупавост може да се види во видеото снимено во зоолошка градина.
Исто така Чифтчи барал од своите „следбеници“ да застанат под водопад за да ја докажат нивната љубов кон него. За среќа овој пат неговото малтретирање било успешно избегнувано. Тој се соочил со големи критики на социјаните мрежи, а на креативните коментари им нема крај. Еден корисник на Твитер, Онур Угур напишал: „Му честитам на господинот Кенгур за неговата воздржаност против вакво агресивно животно.“