Самохраниот татко акробат кој го напуштил универзитетот за да се придружи на циркус во Лас Вегас стана Инстаграм ѕвезда, благодарение на неговите акробатски трикови кои ги изведува заедно со неговиот тригодишен син. 28-годишниот Вејн Скивингтон, кој се родил во Хановер, Германија, но пораснал во Девон, Англија, има илјадници обожаватели на интернет кои ги обожаваат неговите впечатливи акробатски подвизи кои тој ги изведува заедно со неговиот син Роуан.
Сега насобрал повеќе од 25 000 следбеници на Инстаграм и редовно објавува нови видеа. Вејн вели: „Со оглед на тоа што сум самохран татко и работам две работи, но ме интересираат и други работи, како изработка на мебел, тоа значи дека немам многу време, па така мојот син е постојано со мене.
Сето ова се роди по чиста случајност, кога прегледувајќи ги видеата забележав дека син ми ме имитира додека вежбам. Тој многу сака да го проба тоа што го прави тато. Објавив некои од видеата на Инстаграм за да ги споделам со моето семејство и пријателите, но повратните впечатоци и коментари беа прекрасни.“