Полскиот градоначалник ветил награда-изненадување за следната двојка која ќе донесе на свет машки жител во село во кое скоро една деценија се раѓаат само девојчиња.
Градоначалникот на округот Рајмун Фришко, татко на две девојчиња, изјави за ТВН24 во петокот дека ќе има убаво изненадување подготвено за оние кои следни ќе имаат момче.
Властите во селото Миејсце Одрзанские кое има околу 300 жители, не знаат зошто не се родени момчиња таму од 2010 година. Раководител на локалната (претежно женска) волонтерска противпожарна бригада Томаш Голаш изјави дека трендот за девојчиња трае веќе некое време. Тој за сопруга земал локална девојка и сега тие имаат две девојчиња.
Селаните почнуваат да се грижат за исполнувањето на земјоделски работи во иднина и жените честопати надополнуваат за недостаток на работна сила во полињата. Научниците исто така изразиле интерес и решиле да го испитаат овој необичен случај.
Градоначалникот додаде и дека нема недостаток на лекари кои чекаат да ги советуваат селаните за тоа како да ја решат ситуацијата. Некои велат дека треба да се воведе повеќе калциум во исхраната за да се добие момче. Исто така селаните пробуваат у „традиционални методи“, односно ставаат секира под брачниот кревет.
Статистичките податоци покажуваат дека во Полска се раѓаат повеќе момчиња од девојчиња. Во 2017 година, родени се 207.000 момчиња во споредба со 196.000 девојчиња.