Некои работи едноставно не се прават кога сте во авион, а една од нив е дека не отварате врата или прозорец. Но, вчера еден човек од Ченгду, југозападна Кина, решил да ја отвори врата за итни случаи на авионот за да вдиши малку свеж воздух пред полетување.

Поради ова, летот бил одложен за еден час, додека да ја затворат вратата и да добијат ново место за полетување.

av01

Потоа, неименуваниот човек му објаснил на екипажот дека во задниот дел на авионот било премногу загушливо и само сакал да земе малку свеж воздух. Според кинескиот закон за цивилна авијација, тие коишто вршат кражба, намерно уништување, ја загрозуваат безбедноста на летото и предизвикуваат сериозни последици можат да сносат кривична одговорност. Ова не е првпат патник да отвори врата на авион во Кина. Во 2015 година двајца луѓе биле уапсени затоа што отвориле три безбедносни врати откако избила расправија поради доцнењето на летот. Една од нив била туристички водич која подоцна отслужила петнаесет дена притвор поради нејзините дејствија.

av02

av03

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено