Начинот на кој една личност ќе одговори на наједноставни прашања може да открие многу за неа и за тоа што ѝ се врти во главата. Психолози од целиот свет употребуваат специјални прашања за да откријат дали некој поединец е генијалец или му треба професионална помош – или па и двете. Еве три такви прашања кои ќе определат личноста во вашата глава се крие „Луда Мара“ или Салвадор Дали.

1. Што е заедничкото меѓу котле и параход?

gs01

2. Што е заедничкото меѓу тркачки автомобил и торнадо?

gs02

3. Што е заедничкото меѓу обувка и молив?

gs03

И сега најинтересниот дел: кои сте вие?

Ако не успеавте да се сетите на одговорите на овие прашања, не грижете се – вашиот ум е во совршена здравствена состојба. Но, ако ви се сториле крајно едноставни, тогаш можеби имате склоност кон психолошки проблеми и можеби би било добро да побарате професионален совет за да се осигурате дека сѐ е во ред.

Овој вид тест е пример за т.н. „метод на антитеза“, кој се применува за да се открие степенот на свесноста. Ако некој со просечен ум биде запрашан „што е заедничкото меѓу врана и маса?“, тој веројатно би одговорил – „ништо“. И до извесна мера се во право. Во општи црти, овие две нешта не можат да се споредат. Од друга страна, некој со шизофренија веднаш ги бара помалку очигледните, подлабоки врски меѓу двете нешта. Без многу размислување, тие можат да објаснат дека луѓето пишуваат писма на нивната маса, а враната има пердуви кои би можеле да се употребат за пишување.

Но, како да направите разлика меѓу шизофренична личност и вистински гениј? Разликата е во тоа што шизофреничарот ќе даде таков одговор веднаш, додека генијот ќе треба вистински да се концентрира, да го отфрли првите, најочигледни и најнеинтересни идеи кои ќе им паднат на ум и да изнајдат навистина уникатен одговор.

Точните одговори се на втората страна

Сподели на Facebook
пати видено